Свет

И покрај примирјето не стивнуваат борбите во Украина

И покрај примирјето не стивнуваат борбите во Украина

И денеска не запираат борбите во источна Украина и покрај обновените напори на европските лидери за обезбедување почитување на примирјето, пренесе МИА повикувајќи се на британските медиуми.

Украинските војници утринава изјавија дека во последните 24 часа проруските сепаратисти 49 пати ги нападнале позициите на владините сили, користејќи ракети, тешки орудија и оклопна техника.

– Бројот на напади покажува дека терористите не сакаат нивното оружје целосно да замолкне, рече армискиот портпарол Анатолиј Стелмах.

Бунтовниците, исто така, ја обвинуваат армијата дека го прекршува примирјето, тврдејќи дека таа нападнала станбени квартови на Доњецк.

Во овој град вчера била убиена една жена, соопшти прес службата на Доњецките сепаратисти.

Според очевидец, цитиран од британските медиуми, еден тенк на
бунтовниците денеска гранатирал позиции кај градчето Вухленирск, во близина на Дебалцево. Ова покажува дека борбите во овој реон се уште не се прекинати.