И политичари од регионот учествувале во оргиите на српските елитни проститутки

Елитните проститутки од Србија, меѓу кои се и пејачки и водителки, услуги им пружале не само на српските политичари, туку и нивните колеги од земјите во регионот, открива српски Курир.

Соговорникот за Курир вели дека оперативните податоци до кои располага полицијата и разузнавачките служби укажуваат на тоа дека српските пејачки и водителки кој веќе долго се во проституција, освен српските политичари, на својата листа имаат и високопшозиционирани државни функционери од неколку земји кои се граничат со Србија!

Проституција без граници

„Проституцијата не знае за граници, а љубовта кон згодните млади жени секако е заедничка за политичарите во регионот. Еве на пример, една српска водителка неодамна поминала ноќ со еден од високите функционери надвор од Србија. Дамата заработила 2.000 евра, а политичарот по неа испратил приватен авион. Истиот човеќ веќе со години има одржливи интимни односи и со една српска пејачка, а се случувало своите „другарки“ да им ги предложува и на колегите од политиката и бизнисот од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора…Секако, скоро сите политичари кои плаќаат сексуални услуги од елитни проститутки во јавноста имаат углед на чесни семејни луѓе“, открива изворот на српски Курир за истрагата.

Тој вели дека цената од неколку илјади евра за ноќ со позната дама, освен извајаното тело, корисниците добиваат и исполнување на сите сексуални желби и фантазии.

Уцени, моќ и влијание

Лилјана Раичевиќ, активистка за човекови права која во јавноста е позната кога на почетокот на 2000 година открила ланец на проституција во Црна Гора, за Курир вели дека оваа состојба воопшто не ја изненадува.

sekls-snimci-seks-prostitutke-1415217863-587302

„Фактот е дека елитната проституција во Црна Гора, Хрватска и Србија е да се соберат голем број на пари. Но, тоа е проституција, без разлика дали се во прашање водителки или пејачки. И тие можат да бидат уценувани бидејќи знаат многу. За жал, многу е тешко да се дојде до материјални докази бидејќи тоа е затворен круг, а во игра се големи пари, моќ и влијан ие. Добро е што оваа тема се започнува, па макар и имињата да не се спомнуваат“, вели Раичевиќ.

Неверство

Да потсетиме, српски Курир го покрена овој серијал на текстови за врската меѓу елитната проституција и политичарите. Имено, српската полиција покрена опсежна истрага кога поедини снимки на српски министери дошле во рацете на странските разузнавачки служби.

Ланецот за подведување на елитните проститутки одел преку два канали, еден водел до Црногорското приморје, а другиот до еден ранч во Војводина. На врвот на пирамидата се две дами, жена на познат бизнисмен и поранешна девојка на еден од водачите на „Земунскиот клан“. Полицијата се сомнева дека овие две жени биле врската меѓу познатите српски дами и политичарите во регионот.