И понатаму зголемен интересот за вработување во МВР

Останува големиот интерес за вработување во МВР. На последниот конкурс за прием на 400 полициски службеници, се пријавиле вкупно 3.273 кандидати, од кои 2.703 се мажи и 570 жени. Најдобрите 400 кандидати, обуката ќе ја започнат на почетокот на наредната година.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска присуствуваше на физичките проверки на пријавените кандидати во Центарот за обука во Идризово.

2500jan2

-Ова е трет конкурс кој се спроведува на овој начин, што значи дека процесот на селекција во однос на она што било во некои минати времиња е сосема променет и се состои од неколку последователни елиминациони фази. Кандидатите кои ќе ја поминат соодветната фаза, единствено тие имаат можност да одат во наредната фаза се до последната, каде што се врши финалната селекција. Инаку, и на овој конкурс останува големиот интерес за вработување во МВР. Очекуваме овој пат да направиме една квалитетна селекција, односно да ги избереме оние што навистина отскокнуваат по однос на квалитетот во однос на другите пријавени кандидати, истакна Јанкулоска.