И поранешниот репрезентативец Тони Мицевски со поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец и капитен, Тони Мицевски, кој има 43 настапи во црвено-жолтиот македонски дрес, даде поддршка за Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.

-На ова парче земја има место за сите. Без разлика на вера и националност, да се почитуваме и сакаме, поречува Мицевски.

Мицевски македонскиот национален дрес го носеше од 1993-та до 2002-ра година, при што забележа 43 настапи и постигна 4 погодоци. Во македонскиот шампионат ги бранеше боите на Пелистер и Победа, но исто така имаше и забележителна интернационална кариера настапувајќи за германските клубови Енерџи Котбус и Ханза Рошток во Бундес лигата, како и уште неколку други клубови од Германија.

Мицевски е само уште еден во низата поранешни фудбалски репрезентативци кои дадоа поддршка на Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.