И Приштина се крена на нозе, бара правда за Алмир

Револтот за ослободувањето на убиецот на Алмир Алиу, Бобан Илиќ, и преквалификација на неговото дело од „убиство“ во „несреќа“ предизвика револт не само во Македонија, туку и кај Албанците надвор од Македонија, објавува порталот на албански јазик „ЛајмПрес“.

Протест против одлуката на македонското обвинителство вчера беше одржан во Приштина, каде што беше забележана завидна масовност, пишува овој медиум.

Протестот беше организиран од страна на здружението „Чамериа“, кое повика на мирни демонстрации против ослободувањето на Македонецот кој му го одзеде животот четиригодишниот Алмир Алиу.

Здружението „Чамериа Косово“ ги повика сите Албанци да се приклучат на мирен протест за АЛМИР!

Во текстот се вели дека овој протест има сензибилен карактер по повод ослободувањето на славо-македонскиот криминалец кој го уби Алмир, и дека „правдата“ на Македонија го ослободи од затвор убиецот на Алмир.

Ги поттикнуваме сите организации, здруженија и невладини организации да го поддржат овој протест!

Денес се случи со Алмир, утре може да му се случи на вашето дете, се вели во повикот за протест на здружението.