Свет

И Путин на листата на ЕУ за санкционирани бизнисмени

И Путин на листата на ЕУ за санкционирани бизнисмени

Европската комисија ги објави имињата на 8 руски бизнисмени и три руски компании на кои ќе им биде замрзнат имотот во Европската Унија поради руската политика кон Украина.

Меѓу санкционираните бизнисемни е и долгогодишниот претседател на Русија, Владимир Путин, како и Аркадиј Ротенберг, кој од март е и на американската црна листа.

На оваа листа се најдоа и Јуриј Ковалчук и Николај Шамалов, кои се двајцата најголеми акционери во Руската банка.

На санкционен удар е и руската Национално комерцијална банка, која прва започнала со работа на Крим, како и авиокомпанијата „Добролет“. На оваа листа се најде и главниот руски произведувач на системи за противвоздушна одбрана „Алмаз-Антеј“.