И Путин со честитка до Меркел

Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе Ангела Меркел за реизборот на функцијата канцелар на Германија, изразувајќи уверување дека новиот состав на Владата ќе го продолжи курсот за зајакнување на односите меѓу двете земји, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ.

„Рускиот претседател изрази увереност дека новиот состав на федералната Влада ќе продолжи со курсот на натамошно зајакнување на руско-германските односи, во духот на стратешкото партнерство, а исто така, ја истакна можноста за спроведување на последователни меѓудржавни консултации на високо ниво“, пишува во телеграмата на рускиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.