И „Рејтинг“ си поплука на кажаното

Денес Рејтинг излезе со анализа во која кажува дека до 13 часот излезноста на претседателските избори била поголема во споредба со тие претходните, но поради слабата излезеност во албанските општини, просекот покажувал дека излезеноста е иста.

Но, само пред неполна недела агенцијата излезе со анкета имплицирајќи на тоа дека Пендаровски може да смета на албанските гласови, кога тврдеше дека од 1.560 испитаници дури 92 отсто од анкетираните Албанци сметаат дека на Македонија и се потребни значајни промени, укажувајќи на истата анкета дека Пендаровски бил дури и во благо водство. Денес пу – пу не важи. И самата агенција Рејтинг излезе со тврдење дека излезеноста била голема, но на сите им се чинело дека е низок одзивот бидејќи Албанците не излегувале на гласање, истите оние за кои Рејтинг тврдеше дека наводно 92 проценти барале промени.

Очигледно е дека сценариото не се одвива според пропишаното и никаде ги нема гласачите за кои Рејтинг тврдеше дека ќе гласаат за Пендаровски.