И Севастопол ја одбра Русија

Градското собрание на Севестопол, главниот град на Крим каде е сметена Црноморската флота донесе одлука која веднаш стапува на сила. Тие ја одбраа Русија.

Во одлуката наведуваат дека Севастопол веднаш ќе ги прекине сите врски со Украина.

Во соопштението од Градскиот  совет се вели дека тие донеле одлука да се поврзат со Руската федерација, како нејзин субјект.

Исто така, Собранието соопштило дека во потполност ја поддржува одлуката на парламентот на Крим да одржи локален референдум на 16 март на кој околу два милони граѓани ќе го дадат својот глас меѓу Украина и Русија.

Вчера, Собранието на Крим донесе одлука за автомонија во рамки за Руската Федерација.

Властите во Киев се против оваа одлука.