И Шешељ на 9 годишниот помен кај Милошевиќ

Во Пожаревац денеска ќе се одбележат 9 години од смртта на поранешниот претседател на Србија и Југославија, Слободан Милошевиќ.

Во дворот на семејната куќа на Милошевиќ, сопругата Мирјана Марковиќ, каде некогашниот шеф на државата е закопан, ќе се соберат неговите партиски колеги, соработници и почитувачи.

Не го забораваат

Од членовите СПС свое доаѓање најавил најблискиот соработник на Милошевиќ и пријател, Милутин Мркоњиќ, а друштво ќе му прави долгогодишната секретарка на Слободан, Мирјана Драгојевиќ.

„Како и секоја година, одам во Пожаревац. Ќе одам и следната година, односно се додека неговото семејство нема прилика да биде таму. Инаку, на гробот на својот пријател одам на 11-ти март, кога е убиен во Хаг, но и на 20 август, кога е неговиот роденден“, вели Мркоњиќ и додава дека Милошевиќ е последниот сериозен државник на овие простори.

vojislav-seselj-aleksandar-vulin-foto-beta-dragan-gojic-foto-fonet-foto-fone-1426022000-624329

На одбележувањето на гродишницата од смртта ќе присуства и Војислав Шешељ и некогвиот заменик Немања Шаровиќ.

„Неспорно е тоа дека Милошевиќ во текот на своето владеење имаше грешки, но исто така неспорно е и тоа, да речеме, дека било златно време на слободата на медиумите во Србија, иако продаи тоа често бил напаѓан. Тоа лесно може да се заклучи ако се погледне како изгледаат медиумите по 5 октомври 2000 година“, вели Шаровиќ.

Полагањето на венецет на гробот на Милошевиќ го најави и министерот за труд, Александар Вулин.

Значајно случување

Колку за потсетување, Милошевиќ почина на 11 март 2006 година во притвор во Хашкиот трибунал во текот на судењето за воени злосторства за Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина. Бидејќи државните и градските власти не дозволиле Милошевиќ да биде погребан во Белград со државни почести, тој е погребан во дворот на неговата куќа во Пожаревац.