Бразил2014

И со пехар, Сабела ќе и каже збогум на Аргентина

И со пехар, Сабела ќе и каже збогум на Аргентина

Еугенио Лопез, агентот на актуелниот селектор на Аргентина, Алехандро Сабела, откри дека неговиот клиент ќе си замине од селекторската функција без разлика како ќе заврши утрешниот финален натпревар на јубилејното 20. Светско првенство во Бразил.
Претставникот на Јужна Америка за противник во финалниот натпревар го има истиот ривал од пред 24 години, репрезентацијата на Германија.
“Без оглед на конечниот исход, неделното финале ќе биде последниот меч на Алехандро Сабелја како селектор на Аргентина. Последните натпревари ја сменија атмосферата во јавноста, сега е огромен бројот на оние што сакаат тој да остане, но одлуката на Алехандро е конечна. Големите тренери знаат да се повлечат по завршувањето на еден циклус, а циклусите вообичаено завршуваат со светските шампионати. Затоа, тој стои зад својата одлука, дури и да стане светски првак, да си замине од клупата на Аргентина. Потоа ќе земе одредено време одмор за да ги наполни батериите, па дури подоцна ќе размислува за своите следни фудбалски ангажмани”, изјави Лопез.