И Србија ќе крева дигне ѕид за емигрантите

И Србија ќе дигне ѕид за емигрантите
Србија, по се изгледа дека ќе го следни унгарскиот пример и ќе дигне ѕид против имигрантите
Србија, по се изгледа дека ќе го следни унгарскиот пример и ќе дигне ѕид против емигрантите

Србија, по се изгледа дека ќе го следни унгарскиот пример и ќе дигне ѕид против емигрантите. Како што пишува српски „Блиц“, од Брисел стигнало јасно предупредување, каналот на имиграција мора итно да биде затворен, во спротивно ќе дојде до „потопување“ на цела Европа.

Европскиот комесар за имиграција, внатрешни работи и граѓани, Димитрис Аврамополус, подвлекол дека ЕУ е загрижена за балканскиот пат на илегална емиграција.

Криумчарите со луѓе го отворија овој пат, па приливот на емигрантите е се поголем, што е основ за загриженост. Само во јули во Унгарија пристигнале 35.000 азиланти, објаснува Аврамополус.

Орбан: Кревањето ѕид не е против Србија, туку за емигрантите

Кревањето ѕид на српско – унгарската граница не е против Србија, туку за спречување на илегалните минувања на емигрантите, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува РТС.

Орбан кажа дека меѓу Србија и Унгарија има добри односи чие зачувување е во интерес на двата народа, а кревањето на ѕидот го квалификува како „изнуден потег“.

Не станува збор за прашањето на бегалците, туку за еден нов процес на придвижување на големите народни маси. Унгарија ќе инсистира, во соработка со своите соседи, да се преземат адекватни мерки. Сега сме во ситуација маса луѓе да ни доаѓаат, а земјите во Западна Еуропа сакаат луѓето кои веќе се дојдени да ни ги вратат нам, заради што имаме притисок и од југ и од запад, рече Орбан.

Според него, кревањето на ѕидот не значи затворање на границата со Србија, туку само спречување на илегалните премини.

Овој чекор не се однесува на Србија и не е насочен кон српскиот народ, бидејќи ќе поставиме нови легални гранични премини и ќе ги прошириме. Од Вучиќ побарав да ме разбере за ова прашање и му порачав дека ги има нашите гаранции дека таа мерка (кревање на ѕидот) не е насочена против Србија, бидејќи Унгарија е заинтересирана за мирот, порача Орбан.