И средношколците под директива на опозицијата во насилни протести

Најголемата опозициска партија СДСМ, која стои зад протестите за уривање на легитимно избраната Влада, ги злоупотребува и средношколците за остварување на своите политчки цели, пишува „Курир“

Наместо досегашните мирни протести, средношколците денеска решија да се приклучат кон насилството на СДСМ и заедно со демонстрантите се упатија кон МВР.

И претходно се пишуваше дека како организатор на средношколскиот протест се јавува таканаречениот Средношколски пленум, кој пак е пандан на Студентски пленум, за кој во јавноста стана јасно дека не е ништо друго, туку само продолжена рака на СДСМ и Соросовата фондација во земјава.

Ова е уште еден доказ дека и средношколците се под директива на опозицијата, која ги политизира и злоупотребува за своите цели.

gogi

Маските на таканаречениот Средношколски пленум паднаа уште во вторникот, кога на насилните протести пред Владата можеа да се забележат и членови на овој пленум. Иако Средношколскиот пленум, кој како организација официјално и не постои се оградува од сите други протести што не се поврзани со образование, сепак нивни истакнати членови и лидери можат да се забележат на насилните протести.

Таков на пример беше случајот со Ѓорѓи Ставриќ, кој беше меѓу оние кои беа во први редови на насилните протестите кои се одржаа на 5. мај пред Владата, а на кои беа повредени околу 40 полициски службеници.

gorgi1

Денешното приклучување на средношколците на протестот организиран од опозицијата само докажува дека децата се злоупотребуваат за остварување на партиски и политички цели, впрочем поради што е и целиот нивен бојкот на наставата, откако надлежните ги прифатија сите нивни реални барања, но тие останаа надвор од училиштата очигледно инструирани и политички злоупотребени.