Политика

И студентите ќе маршираат заедно со средношколците

И студентите ќе маршираат заедно со средношколците

Студентите, во знак на поддршка на Средношколскиот пленум, ќе се приклучат на студентски марш, закажан за в четврток. Маршот ќе почне точно напладне од пред УКИМ.

„Веројатно многумина од вас ќе се запрашаат зошто токму марш? Зошто не само поддршка по социјалните мрежи и преку соопштенија за јавност? Затоа што сме дел од еден заеднички образовен систем. Затоа што овие ученици се нашите идни колеги, нашите браќа, сестри, братучеди, комшии, другари. Затоа што со овие ученици утре треба да градиме заедничка иднина. Затоа што исто како и нас, никој не сака да ги слушне.
Студентскиот пленум одново се одважи да застане во одбрана на образованието и ги поддржува средношколците во нивните барања! Затоа да излеземе заедно со нив и да ја покажеме моќта, цврстината и заедништвото на идните генерации. Бидејќи во една прилика кажавме: ако замолчиме сега, засекогаш ќе нѐ болат устите!Приклучи ни се и ти за да се чуе и твојот глас!“, стои во повикот на Студентскиот пленум.