И тоа се случува, премиерот го тужи претседателот во Ирак

Ирачкиот премиер, Нури Малики изјави дека ќе поднесе тужба против новиот ирачки претседател заради очигледното кршење на Усатова.

Малики, чија коалиција освои најмногу пратенички места на изборите во април, го обвинува новиот претседател Фуад Масума дека не го именувал премиерот од победникот на изборите во рокот кој бил предвиден, а кој истече вчера.

Тој во својот говор рече дека претседателот го прекршил Уставот поради политички цели, пренесува АП.

Малики синоќа во говор за ирачката телевизија рекол дека безбедносната ситуација може да се влоши и дека блиските соработници на претседателот можат да доживеат лоши последници од тоа.

Во меѓувреме, невообичаено голем број на ирачки полицајци, војници и припадници на слилите за борба против тероризмот се поставени на стратешките локавии во Багдад.