И Тодор Петров ја оспори уставноста на новото Специјално обвинителство

Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, поднел инцијатива за оценка на уставноста на Специјалното обвинителство, потврдуваат од Уставниот суд на Република Македонија.

Петров иницијативата ја поднел на 21 октомври. Во изјава за МКД.мк тој вели дека создавањето на Специјално обвинителство е дерогирање на системот, на уставниот поредок на земјата, и создавање на паралелни, ад-хок институции, обид да се направи некаков нов систем, нова контрола.

Ваква иницијатива веќе поднесе адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе, кој најви дека ќе го повлече своето барање, но засега сеуште го нема сторено тоа.