Македонија

И третата лидерска средба без конкретен договор

И третата лидерска средба без конкретен договор

По два часа разговори, без конкретен договор заврши третата лидерска средба на четирите најголеми партии во Македонија.

На заедничка маса седнаа лидерот на владејачката партија Никола Груевски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи, за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

Како набљудувачи присуствуваа амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав, а Груевски и Заев ги информирале Ахмети и Тачи за минатонеделните разговори во Стразбур во кои посредуваа европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и ервокомесаорт Јоханес Хан.

Следна лидерска средба е најавена за почетокот на следната недела.