И’ удлил бокс на автобуска станица, па ја ограбил

Разбојник ограбил жена на булевар Партизански одреди во населба Влае, откатко претходно и’ удрил бокс во пределот на лицето.

Како што соопшти полицијата, нападот се случил вчера, во 05.50 часот, додека жената чекала автобус на автобуската постојка на Партизанска.

Нападнатата жена, М.Р. (56) од Скопје пријавила во полициската станица во Карпош дека разбојникот и’ удрил бокс во пределот на лицето и и’ ја украл ташната во која имала паричник со лични документи и пари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.