И уште ве лажат комуњарите

  • Ако можеме ефективно да ја уништиме националната гордост и патриотизмот на само едно поколение, ќе ја освоиме таа земја засекогаш. Според тоа, постојано мора да се води пропаганда против таа земја за да се поткопа лојалноста на тамошните граѓани, а особено на младите. 

Иако горенаведното звучи како препорака од соросовите фабрики, реализирана преку некоја негова марионета, како на пример црпнатиот лидер на македонската опозиција, Зоран Заев кој што најсериозно порача дека на СДСМ не им личи да бидат патриоти, сепак збирката на предавања што ја содржи оваа насока е создадена многу пред Македонија и светот да ги почувствуваат „благодетите“ на либералниот и прогресивен Запад предводен од ликови како поранешниот нацистички соработник, а сега голем „филантроп“, Џорџ Сорос и неговите платеници.

Станува збор за методот наречен Психополитика, создаден некаде во дваесеттите години од минатиот век за потребите на комунистичката партија на СССР и претставува начин за психолошка манипулација со луѓето за прифаќање на комунизмот. Овој метод преку усни предавања, односно обуки, им бил пренесуван на комунистите од целиот свет и бил забранет за запишување, а денеска постои во форма на книга со наслов „Психополитика“. Со проучување на овие методи, кои што своевремено имале за цел комунизмот да оствари контрола над поединците и над колективот, многу лесно може да се дојде до заклучок дека истите се користат и денеска, во Македонија и глобално, во служба на други, а сепак суштински исти политички доктрини, предводени од западните либерали, глобалисти и слични прогресивни и левичарски повраќаници.

Всушност, специјалните војни, што како западна специјалност се водат ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, своите корени ги наоѓаат токму во психополитиката, а за тоа најдобро говори делот од предавањето што вели:

  • Деградацијата на народот на една земја е помалку нечовечна од негово уништување со бомби…Со изопачување на државните установи и со предизвикување општа деградација, како и со мешање во националната економија до таа мера што ќе доведе до недостаток на основните животни намирници и до економска криза, ќе биде доволно да се предизвикаат само помали шокови во народот за да се предизвика крајно покорна реакција или пак хистерија. А, со произволната закана од војна и од воздушно бомбардирање, може да го натераме народот во истиот момент да побара мир по секоја цена.

Писхополитички обуки посетувале и Македонци комунисти. Станува збор за членови на комунистичката партија, која што во 1990-та година се преименува и од Сојуз на комунистите на Македонија се трансформира во ова што денес го знаеме како СДСМ. Од психички манипулации, пропаганда за распуштеност на младите и деградација на семејството, физичка и сексуална злоупотреба, хипнози, прогласување на здрави луѓе за умоболни и третмани со електрошокови, па, се’ до затворање и смрт (најчесто претставена како самоубиство) за најнепокорните, ова се методите на психополитиката кои што многу јасно говорат за идеолошката матрица на некогашните комунисти, денеска во Македонија познати како СДСМ, а глобално предводени од Западот. Еве и дел од другите препораки за оперирање на психополитичарите, а секоја сличност со актуелните операции на западот и петтата колона во Македонија, не е случајна.

  • За еден народ да биде покорен, мора да биде понижен…Клеветата е најдоброто и најважно оружје на психополитиката на поширок план. Непрекинатото и упорно клеветење на националните лидери, на институциите, на обичаите и на јунаците мора систематски да се изврши…

Ако за нешто можеме да бидеме сигурни, тогаш тоа се минатите успешни, а сега веќе во низа неуспешни обиди на црпнатите од СДСМ и нивните западни газди за понижување на народот. Од измамничкото прифаќање на срамното поранешна југословенска Република Македонија, менувањето на знамето, криминалната транзиција и масовното отпуштање од работа на повеќе од 200.000 граѓани, па се’ до изманипулираната територијална прераспределба. Сево ова беше направено токму во насока на остварување на оваа цел, понижување на народот за полесно да се покори. Црпковците на чело на СДСМ се менуваат, но нивната анти-македонска идеологија никогаш. Еве и последниов, можеби најцрпнат до сега лидер на СДСМ, и после сета штета што ја направија, бесрамно ни порачува дека и натаму морало да ја виткаме кичмата. Ете затоа „модерниот“ Запад сака оваа политичка карикатура да ни ја намести за премиер. Не за да станеме рамноправна членка на нивните пропаднати клубови, туку за преку Тиранската платформа, менувањето на името и распарчувањето на државата да го заокружат процесот на понижување на Македонците, со што ќе успеат во намерата за поробување, бидејќи нашите исклучително силни духовни вредности и тоа како му пречат на нивниот демонски хипер либерализам во изумирање, а нашата согласност за активно учество во изградбата на новиот мултиполарен свет сериозно го доведува во прашање опстанокот на нивниот актуелен диктаторски униполарен светски поредок и глобалистичка агенда.

Начинот на кој што комунистите преку психополитиката биле обучувани да манипулираат за презимање на лојалноста на луѓето, идентично се вклопува во методите што Западот и неговите платеници и денеска се обидуваат да ги применат врз Македонскиот народ. Како тогаш, така и сега, лојалноста на граѓаните се обидуваат да ја преземат на два начина.

  • Првиот се постигнува со упорна и постојана индоктринаиција, поединецот треба да поверува дека дотогаш бил лојален на погрешна страна. Потребно е да се создадат нови околности што треба да создадат негов ОТПОР. Се создава одредена ментална состојба кај поединецот, тој се изложува на притисок, а потоа давајќи му лажни докази, се уверува дека страната на која дотогаш и бил лојален стои зад притисокот на кој подлежи тој. Вториот дел се состои во клеветење и деградирање на самата личност, чија лојалност треба да се пренасочи.

Од овде некаде се чини произлегува и сценариото со т.н. бомби односно нелегално прислушувани материјали од македонската владејачка партија и новинари што опозицијата ги објавуваше, тврдејќи дека државниот врв сам себе се прислушувал. Додуша на самиот почеток, кога Црпко се обидуваше да го рекетира тогашниот премиер Никола Груевски да си даде оставка за да не ги објавел бомбите, самиот кажа дека тие потекнуваат од странски служби, а потоа во за него препознатлив стил го смени исказот. И токму тука, во оваа препорака од психополитиката треба да се бараат и целите на кои што т.н. специјални обвинителки им служат, заедно со остатокот од новинарската и невладина соросова прозападна багра во Македонија.

  • Поради тоа што црквата најмногу влијае врз оплеменувањето на луѓето, секоја активност на црквата мора да биде дискредитирана на овој или на оној начин. Религијата мора да излезе од мода. Со психополитичка индоктринација на сите начини мора да биде покажано дека не постои душата и дека човекот е животно.

Еве од каде опозиционерите и соросоидите ја црпат инспирацијата кога излегуваат да се тепаат на плоштадите против изградба на цркви. Од овде произлегува и задоволството со кое што истите тие шарени револуционери го фарбаа и вандализираа половина град, вклучително и христијански симболи. И ете зошто во соросовите бастиони низ Македонија, потпомогнати со пари од УСАИД, на големо се исмева Православието и се промовираат атеистички книги, а меѓу нивните поданици доминираат атеисти, но и сатанисти. И најпосле, еве зошто македонската опозиција е поддржана од ликови како Карл Билд за кого што Православието претставува најголем непријател.

За бавниот и болен, но извесен крај на униполарното глобалистичко клатно одговорен е пред се нивниот неправилен пристап кон Изворот, бидејќи наместо црпење енергија од едниот Бог, комунистите , а денес либерали и глобалисти, енергијата ја црпат исклучиво од нови следбеници. За тоа на кој начин тие црпат енергија, најдобро говори делот од обуката кој што ги советува:

  • Мора да бидеме како лоза што се витка околу дрвото. Го користиме дрвото за да се искачиме до горе, а потоа гушејќи го, стануваме посилни, хранејќи се со неговото ткиво. Мора да ги тргнеме сите што ни стојат на патот. Мора да го искористиме секој авторитет и секоја власт до кои што ќе стигнеме. А, на крајот, откако ќе поминат неколку децении, ќе може да ги укинеме сите авторитети и секоја власт и да триумфираме во слава на нашата партија.

По се’ изгледа дека на неколкудецениската агенда за перење на мозокот навистина и’ е дојден крајот, но не онака како што тие се надеваа. Двомесечните протести на граѓаните и одбивањето на македонскиот претседател Ѓорге Иванов да се сретне со западните сателити, од Јоханес Хан и Карл Билд, па се до Хојт Ли, испрати јасна порака дека ние Македонците нема да извршиме духовно самоубиство за да ја продолжиме униполарната диктатура. А, на агендата за уништување на нашиот идентитет, суверенитет, религија, култура и традиција, во име на вашиот морално деградиран либерализам, одговараме либерално во ваш стил, со исправена кичма и високо кренат среден прст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.