Македонија

И утре очекувајте снег, до петок повеќе облаци и малку сонце

И утре очекувајте снег, до петок повеќе облаци и малку сонце

Метеоролозите за утре најавуваат повремен локален снег, до крајот на работната недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви период.

Според УХМР, за утре се очекува дневните температури да се движат од нула степени во Маврово до осум степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со утринска до минус еден и максимална дневна до петтиот степен.

Нов влажен бран и снег може да очекуваме кон крајот на оваа и почетокот на следната недела.