И Ван Гал удри по ФИФА

Селекторот на Холандија, Луи ван Гал, побара објаснување од челниците на ФИФА, зошто прво ќе се ограат натпреварите од групата “Б”, а потоа натпреварите од групата “А” и дали со таквата одлука им се дава можност на репрезентативците на Бразил да калкулираат и самите да изберат која репрезентација, дали таа на Холандија или Чиле, ќе ја имаат за противник во 1/8 финалната рунда.
„Фокусирани сме на мечот против Чиле, на кој дефинитивно ќе одиме на победа, но би сакал да прашам како може да се случи групата А да игра по групата Б. ФИФА цело време пропагира фер-плеј, но очигледно функционира спротивно на ова начело, нема друго објаснување за овој пропуст, со кој на домаќинот му се овозможува да бира против кого ќе игра во осминафиналето. Нема дилеми, ние ќе одиме на победа, искрено се надевам дека и Бразилците ќе се однесуваат спортски и ќе сторат се за да слават против Камерун, без оглед кој ќе биде прв, а кој втор во нашата група“ , изјави предводникот на “лалињата”.