И вечерва се протестираше пред Собранието

Пред Собранието вечерва група граѓани повторно одржа протест против промена на името на Македонија. Вечерашниот протест помина во мирна атмосфера, без инциденти.

Демонстрантите порачаа дека никој нема да не раздели, повикуваа на смиреност и мирни протести и порачаа дека ќе бидат тука и дење и ноќе, без маски на лицата , се додека не падне оваа власт.

Најавен е нов протест утре во 20 часот пред Собранието.