Македонија

И вечерва протести пред Собрание

И вечерва протести пред Собрание
Пред Собранието и денеска протестираат граѓани, во најголем дел членови и поддржувачи на СДСМ, против полициска бруталност  и „бомбите“ кои  СДСМ ги презентираше за случајот со убиството на Мартин Нешкоски. Тие бараат одговорност од надлежните за наводно прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски, иако, надлежните експедитивно го решија случајот, и виновникот е осуден на затворска казна од 14 години.
Исто така, толпата грѓани од вечерва протестира и за нова истрага за загинувањето на новинарот Никола Младенов.
Откако полицијата не ги пушти пред Владата, демонстрантитет се упатија кон Собранието. Изминатите три дена,  наместо мирни беа организирани насилни протести во кои беа повредени околу 40 полицајци, а беше причинета и голема материјална штета.
Фото: Нова.мк