Спорт

И Венгер дигна раце од Балотели

И Венгер дигна раце од Балотели

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер јавно ја дематираше најфорсираната шпекулација во последните две недели, дека контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели, во новата клупска сезона ќе го носи дресот на популарните “топчии”.

“Не е точна информацијата дека Арсенал е сериозно заинтересиран за услугите на Марио Балотели. Јас не ги следам новинарските шпекулации, не се замарам со тие информации. Таквите информации се дело на некои новинари, на некои фудбалски агенти кои намерно ја зголемуваат цената на фудбалерот, кои сакаат да бидат во центартот на фудбалското внимание”, изјави трофејниот француски стручњак.