И во авионите на „Визер“ пилотите несмеат да останат сами во кабината

Нискобуџетната авиокомпанија  „Визер“, којашто реализира субвенционирани летови од македонските аеродроми, информира дека ги ревидирала кабинските постапки и оти воведува нова постапка со која се осигурува дека во иднина пилотската кабина никогаш нема да биде управувана само од едно лице.

–  Доколку еден од пилотите ја напушти пилотската кабина тој или таа ќе бидат заменети од страна на друг член од екипажот – изјави портпаролот на „Визер“ Даниел Де Карваљо.

Новата постапка веќе е одобрена од Унгарската агенција за цивилна воздушна пловидба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.