Македонија

И во недела пензионерите ќе се возат бесплатно

И во недела пензионерите ќе се возат бесплатно

Веднаш по изборите пензионерите ќе добијат уште еден ден за бесплатно возење со јавниот превоз, а тоа е недела, најави вечерва премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“.

Зборувајќи за пензиите, тој нагласи дека во изминатите години просечната пензија се зголемила за 64, а најниската 74 отсто.

За четири години, како што рече тој, пензиите ќе се зголемат за 21,5 отсто.

„Нов проект е бесплатниот туристички викенд за пензионери. Предвидени се околу 43 милиони денари за четири години, додека проектот со бањско-климатска рекреација си продолжува“, рече Груевски.