И во Вашингтон легализирана употребата на марихуана

Во главниот град на САД, Вашингтон ќе може да се пуши марихуана неказниво откако на полноќ стапи во сила решението, донесено од жителите на Вашингтон на референдум во ноември.

Со тоа федералниот округ Колумбија се присоединуваат кон државите Колорадо, Алјаска и Вашингтон кои веќе ја легализираа употребата на марихуаната. Во јули на групата им се придружи и Орегон, пренесува МИА.

Околу половина од сојузните американски држави дозволија употреба на марихуана за медицински цели, а во останатите употребата на марихуана е наказнива.

Во Вашингтон ќе може да се пуши марихуна само дома, а забранета ќе биде на јавни места. А, ќе биде дозволено и одгледување на канабис во домашни услови, но само три стебла, а граѓаните ќе можат да поседуваат околу 60 грама марихуана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.