И Врба си заминува од МЗТ – што се случува со шампионот?

Иако пред само неполн месец Врба беше промовиран во нов тренер на клубот, тој синоќа само ја потврдил одлуката која ја донел веднаш по поразот од Цедевита во рамките на АБА лигата.

МЗТ Скопје утре игра против Партизан, а тимот од клупата ќе го предводи помошникот Боби Митев, кој со оглед на искуството кое го поседува, а секако и знаењето, не е воопшто чудно ако остане на чело на тимот до и до крајот на сезоната.

Сепак, официјално соопштение од клубот во врска со новонастаната ситуација сеуште нема, односно раководството на шампионот пренесе дека во понеделник ќе излезе со подетални информации за случувањата во клубот.

Она што загрижува е дека ова не е единствениот проблем во МЗТ Скопје, напротив, тимот е во хаос цела оваа сезона.

Постојано се менуваат играчи, тренери, а тоа резултира и со лоши игри и порази, нешто на што не бевме навикнати изминативе неколку сезони. Последен колапс тимот го доживеа на гостувањето во “Градски парк”, каде буквално беше разнесен од тимот на Работнички, а спас од целосна бламажа доживеаа благодарение на прекинот на натпреварот.

Вака повеќе не оди, нешто сериозно мора да се менува. Кризата во тимот се продлабочува, а дали и кога ќе има разврска, останува времето да покаже.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.