И втор “металург” потпишува за Вардар – Атман ќе стане “црвено-црн”

Весникот “Македонски Спорт” пишува дека постои голема веројатност од идната сезона дресот на Вардар да го носи поранешниот играч на Металург Павел Атман.

Атман во вардаровиот табор ќе дојде како решение на позицијата централен бек, на местото на Немања Прибак, кој се одлучи да замине во редовите на турски Бешикташ, откако раководството на клубот му се заблагодари за соработката.

Павел Атман ќе биде последното засилување по Дејан Манасков, Александар Деревен и Хорхе Македа, кои од следната година ќе ги гледаме како членови на “црвено-црниот” табор.