И втората лидерска средба заврши без договор

Заврши втората средба на лидерите на четирите најголеми партии за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјава, која денеска се оддржуваше во Клубот на пратеници.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи не отворија разговори по предлозите на партиите.

Договорено е да одржат нова средба на 26 мај годинава во Клубот на пратеници во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.