И вториот тим на Баерн (М) меле се’ пред себе

И вториот тим на Баерн (М) се покажа како непремостлива пречка за секогаш незгодниот тим на Фрајбург.

Актуелниот шампион и лидер во германската Бундес лига не дозволи никакво изненадување на “Алианс Арена” и многу полесно од очекуваното забележа сигурен триумф од 4:0.

Предводникот на баварскиот гигант Пеп Гвардиола немарно одмори неколку стандардни првотимци кои сигурно ќе настапат на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони против лондонскиот премиерлигаш Арсенал.

Идентична победа пред верните фанви, но во дуелот против екипата на Ајнтрахт од Франкфурт, забележаа фудбалерите на Борусија од Дортмунд, а саботната дерби пресметка помеѓу екипите на Баер од Леверкузен и Шалке заврши со минимален триумф на „кралските сини” од 2:1.

Резултати: Борусија Д. – Ајнтрахт 4:0, Баерн М. – Фрајбург 4:0, Брауншвајг – Хамбургер 4:2, Вердер – Борусија М. 1:1, Хофенхајм – Штутгарт 4:1, Леверкузен – Шалке 1:2.

Денеска на програмата: Аугсбург – Нирнберг, Херта – Волфсбург.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.