И за лошата градба има лек: Како да ја промените структурата на телото?

Клучните разлики помеѓу атрактивните и убавите жени

Потребно е време и упорност, како и вежби, особено оние со тегови, но целта е сосема реална.

Дали и вие сте една од оние жени кои се сигурни дека обликот на телото е нешто што не може да се промени и сметаат дека со тоа треба да се помират дека ќе ги следи до крајот на животот?

Тогаш сте во голема заблуда!

Инструкторите по јога и пилатес тврдат дека постојат вежби со чијашто помош можете да ја промените и градбата и структурата на коските и мускулите, и местата каде што масните наслаги се таложат!

Сè зависи од вашата ДНК, објаснува физиотерапевтот Мишел Олсон за Women’sHealth и додава дека исхраната е еден од клучните фактори.

Потребно е време и упорност, како и вежби, особено оние со тегови, но оваа цел е сосема реална. Секако, границите во кои што може да настанат промени се предодредени од генетиката.

Ако сакате потенка половина, треба да се фокусирате на вежби што го топат салото во тој дел, но и на вежбите за изградба на мускулите на нозете, за на крај да добиете, на пример, фигурна на песочен часовник, објаснува Олсон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.