Балкан

И за студентска работа ќе се плаќаат придонеси во Словенија

И за студентска работа ќе се плаќаат придонеси во Словенија

За работата на студентите и учениците преку студентски служби во Словенија во иднина ќе се плаќаат придонеси за пензинско и здравствено осигурување, предвидува новиот правилник за договори потпишан од претставници на владата и студентските организации.

Работодавците за студентска работа ќе плаќаат придонеси за пензиско осигурување од 8,85 проценти, а студентите и учениците дополнителни 15,5 отсто.

Премиерот Миро Церар договорот го оцени како „голем чекор“ во регулирање на привремена работа на студенти и доказ дека може да се постигнуваат меѓугенерациски договори.

Досега во словенија на студентска работа се плаќа само надоместок за концесија во висина од 25 проценти.

Словенечката влада, исто така, го продолжи времетрањето на мерките со кои се поттикнува редовно вработување на млади лица.