Македонија

И за викендов дожд

И за викендов дожд

За време на викендот и во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат утре кога на места ќе наврнат над 25 л/м2 . Од вторник се очекува да има повеќе сончеви периоди, а врнежите да бидат поретки и претежно застапени во попладневните часови.

Честите врнежи од дожд кои ја надополнија влагата во почвата и покачените температури на воздухот ќе допринесат за нормален развој на културите. Ваквите временски услови не му годат единствено на пчеларството, а застој ќе се почувствува и кај пролетната сеидба заради преголема влага во ораничниот слој.