И Заев ги навредувал сопартијците во телефонски разговори, но тоа било приватност а не доказ за нешто

И Заев ги навредувал сопартијците во телефонски разговори, но тоа било приватност а не доказ за нешто
И Заев ги навредувал сопартијците во телефонски разговори, но тоа било приватност а не доказ за нешто

На опозицискиот лидер Зоран Заев не му пречи да ги навредува сопартицијте. Тој при интервју во емисијата „Вин Вин“ која се емитуваше на 24 Вести  признава дека по телефон се кара, навредува други лица, се обраќа со повисок тон, но и дека телефонските разговори, какви инаку пушташе во текот на објавување на бомбите, не докажуваат ништо и не се сликата за тоа каков човек е носителот на разговорот.

Заев за пример посочи дека и тој го навредувал сопственото членство во телефонски разговори, но тие не биле доказ за нешто.

Знам да ги навредам моите сопартијци, знам некој пат да донесам одлуки и ги сопштувам брзоплето по телефон, но тоа е приватноста, рече Заев.

Со признанието дека телефонските разговори не се мерило за тоа каква е личноста која ги обавува, практично Заев признава дека бомбите кои ги пушташе се фарса и за дневно политичка употреба.

Тој практично целата држава ја стави на коцка, период во кој и економијата евидентно забави и ја држеше во грч, емитувајќи нелегално стекнати разговори а сега признава дека целата нервоза во разговорите кои ги објавуваше и тоа во одреден сегмент и светло за кое Заев и неговиот тим одлучиле да го прикажат, и не се вистински и реален приказ за личностите.

Заев самиот индиректно призна дека телефонските разговори не значат ништо и дека тие не се опис за една личност каква е, ниту пак докажуваат нешто.

Секој пат сме во приватните разговори попуштени, послободни и зборуваме некои работи кои не ги мислиме и тоа е така, рече Заев.

Токму и затоа, Заев на секој прес од бомбите имаше наратив и се здоби со титулата раскажувачот, ставајќи ги во одреден контекст работите и прикажувајќи ги само онака како што нему му одговараат.

Иако јавноста ќе остане покуса за оговарањата, договарањата и разговорите на челните луѓе од СДСМ, кои Заев не ги пушти во јавноста, новинарката Оливера Трајковска загатна дел од тие разговори признавајќи што таа и Радмила Шекеринска практично мислат за Заев.

Кога ги добив транскриптите од прислушуваните разговори дојдов до еден разговор со Радмила Шеќеринска, за кој потврдувам дека е точен, велам: “Зарем овој струмички сељк ќе го поставите за лидер на опозиција, изјави Трајковска во емисијата Вин Вин.

Ова покажува дека СДСМ се наоѓа во тешка позиција во која најавите за оптимизам, храбрењето кое го прави раководството е со цел кревање на моралот кај деморализираното членство кое е разочарано од неуспешните политики на нивната партија.