И зел 1.200 евра за да ја однесе во Германија – ништо од бизнисот!

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(37) од Тетово, за сторено кривично дел „измама“.

Пријавениот, во периодот од март до мај 2014 година, довел во заблуда 34 годишно лице од Крива Паланка ветувајќи дека ќе ја однесе нејзе и нејзините две деца во Германија, за што и побарал 1.200 евра. Истата му дала 210 евра, а остатокот од парите требало да му ги даде по пристигнувањето во Германија. Откако пријавениот и кажал на оштетената дека државната граница треба да ја премине илегално, истата не се согласила и не тргнала на пат, а пријавениот не и ги вратил парите.