И Жу-Жу меѓу трујачите, ќе плати казна од 5.000 евра

Парична казна од пет илјади евра во денарска противвредност за правното и 500 евра за одговорното лице во двете сендвичарници, едната во Драчево, другата во Центар, од кои неколку лица се затруја.

Двете сендвичарници ќе бидат затворени се додека како лабораториски не се потврди безбедноста и хигиената во објектот не биде на задоволително ниво.

Како што информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство добиени се резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и брисеви од работните површини од сендвичарата во скопската населба Драчево. Анализите на испистувањата на петте мостри хрна покажаа присуство на колиформни бактерии во три мостри и присуство на бактеријата стрептококус фекалис во една мостра.

Во еден од земените седум брисеви од работните површини, утврдено е присуство на ентеробактер, на колиморфни бактерии и на мувли. Сето ова укажува на нехигиена во објектот и несоодветна манипулација со храната, посочуваат од АХВ.

Бидејќи станува збор за оператор со храна кај кој од страна на инспекциските служби при контролите по трет пат се утврдени недоследности, кај него во иднина ќе се зголеми фреквенцијата на вршење на инспекциските контроли.

Агенцијата ги доби и резултатите од испитувањата на мострите од храна и работните површини и од сендвичарниците на Жу-Жу каде исто так имаше инцидент на труење со храна.

– Резултатите покажаа дека во една од земените четири мостри од храна и во два бриса од работните површини, исто так се најдени колиформни бактерии, информираат од Агенцијата и укажуваат дека и против овој оператор е поведена прекршочна постапка. З овој оператор исто така средува парична казна во иста висина.

Објектите се времено затворени и нема да добијат дозвола за работа се додека не ги исполнат безбедносните критериуми потврдени со лабораториски анализи.

Што се однесува на Законот за безбедност на храна тој наскоро ќе претрпи измени и ќе биде поригорозен од досега.