И Зико влегува во трката за прв човек на ФИФА

По последните случувања во светската куќа на фудбалот, скандалите со проневера на огромни суми, мито итн. долгогодишниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка.

Сега повторно ќе треба да бидат организирани избори преку кои ќе се добие новиот претседател на ФИФА.

Светската фудбалска легенда Зико денеска изјави дека ќе се кандидира на овие избори за прв човек на Светската фудбалска организација.

“Тажно е да гледаме што се случува во фудбалот во денешно време. Корупцијата ја “изеде” фудбалската игра. Треба да ја вратиме чесноста и довербата. Го чувствувам тоа и како моја одговорност и ќе се кандидирам за претседател”
, изјави 52-годишниот Артур Антунес Коимбра – Зико.