ИАЕА: Време е за „тешките прашања“ со Иран

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), Јуки Амано, изјавил дека по неодамнешниот напредок во преговорите со Иран време е да се отворат „тешките прашања“ и најави дека Агенцијата наскоро треба да премине на разгледување на посебно чувствителни теми, врзани за можната воена компонента на нуклеарните истражувања.

„Започнавме од мерките кои се практични и лесни за спроведување и потоа ќе преминеме на посложени работи. Сакаме како следен потег на дневен ред да се најдат прашањата со „можна воена димензија“. Веќе дискутиравме за тоа и ќе продолжиме на следниот состанок“, рекол Амано.

Следната средба на ИАЕА и Иран треба да се одржи на осми февруари.