Спорт

Иако има 33 години, Петр Чех ќе добие договор од соништата

Иако има 33 години, Петр Чех ќе добие договор од соништата

Чешкиот репрезентативен голман Петр Чех има можност да се врати во француското првенство ако ја прифати пребогатата понуда од ПСЖ.

Според Мирор, “светците” се сериозно заинтересирани во своите редови да го донесат чуварот на мрежата на Челси и за таа цел се подготвени да дадат вистинско богатство. Сумата што Чех би можел да ја добие во Франција изнесува 39 милиони фунти за пет години, односно неделна плата од 150 илјади неделно. Со оглед на тоа што Чех веќе има полни 33 години, а последната сезона забележа само десетина настапи, подобро нешто од оваа понуда сигурно не би можел да добие.

Желбата на Чех е целата работа околу неговата иднина да се заврши до крајот на оваа недела по што би можел да замине на одмор. Денеска или утре би требало да седне на разговори со раководството на Челси.