Ибра ги “закопа” Данците, Словенија не успеа да ја надополни негативата од Украина

На синоќешните реванш натпревари од баражот, Швеѓаните и Украинците успеаја да останат непоразени на гостувањата кај Данска, односно Словенија што беше доволно да се пласираат на континенталниот собир.

Златан Ибрахимовиќ беше кобен за Данците, откако на два пати стрелаше прецизно пред домаќините да ги постават конечните 2:2 преку Поулсен (81 мин.) и Вестергард (91 мин).

Веднаш по натпреварот, контроверзниот Ибра во свој стил им одговори на данските провокации пред реваншот:

Данците сакаа да ме пензионираат, ама јас ја испратив цела Данска во пензија!.


Denmark vs Sweden by rooney10mu

Дуелот во Словенија тргна добро за домаќините кои поведоа преку Цезар во 11 минута. Сепак избраниците на Катанец во продолжението не успеаја да го дадат тој толку посакуван гол, па на спротивната страна во последните секунди израмни Јармоленко.

Победници во бараж дуелите беа Унгарија и Република Ирска со што им се приклучија на домаќинот Франција како и на Чешка, Исланд, Турција, Белгија, Велс, Шпанија, Словачка, Германија, Полска, Англија, Швајцарија, Северна Ирска, Романија, Австрија, Русија, Италија, Хрватска, Португалија и Албанија кои претходно се пласираа на самата завршница.


Slovenia vs Ukraine 1-1 All Goals & Highlights… by tony-hoksa