Ибра прогнозира титула за Бразил и финале за Италија

Репрезентативецот на Шведска и најголема ѕвезда во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ е убеден дека светската титула ќе заврши кај домаќинот на најважниот спортски настан во 2014 година, репрезентацијата на Бразил.

“Во живо следев неколку натпревари, останатите пред телевизиските екрани. Според мене, Бразил ќе ја освои светската титула, а Италија ќе биде противник во финалниот натпревар. Имам многу пријатели кои играат за репрезентацијата на Франција. Се надевам дека Франција ќе забележи одличен резултат во Бразил”, изјави Ибракадабра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.