Спорт

Ибра се сели преку барата

Ибра се сели преку барата

Најголемата ѕвезда во дресот на старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, откри дека ќе остане во Париз до 2016 година, а потоа ќе се пресели “преку барата”, каде ќе одигра уште неколку сезони.

Шведскиот интернационалец во изминатата сезона одигра 33 натпревари во француската Прва лига и постигна 26 погодоци.

“Искрено, ме привлекува идеата да се преселам во САД, таму да одиграм уште неколку сезони. Мојот пријател, Тјери Анри ми кажа дека му е многу убаво во САД, а често ја коментираме и американската професионална лига. Мислам дека ќе се преселам во САД кога ќе ми заврши договорот кој го имам со ПСЖ”, изјави поранешниот напаѓач на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и Милан.