Спорт

Ибра со нова “спектакуларна” изјава

Ибра со нова “спектакуларна” изјава

Престижната фудбалска награда замина во рацете на Лионел Меси, а Ибра по доделувањето на Златната топка дал интересна изјава поврзана со Кристијано Роналдо.

Роналдо е вистински среќник! Секогаш има прилика да седи во првиот ред и да гледа како Меси ја добива наградата, гласи изјавата на шведскиот напаѓач која е вистински хит на интернетот.

Не е тајна дека Ибрахимовиќ е голем фан на Лионел Меси. На последните девет избори за најдобар фудбалер, Ибра својот глас го даде за Аргентинецот кој е ѕвезда на Барселона.