Ибрахими: Ременски ќе биде запаметена како времена техничка министерка со резултат нула

Изгледа дека времената техничка министерка за спроведување на избори чиј мандат завршува на 11.12.2016 не го познава работењето на институцијата која што времено ја раководи, вели заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими, откако беше прозван во реакцијата на техничката министерка Фросина Ременски, пишува „Курир“.

-Времената техничка министерка Ременски во многу наврати при носење на одлуки, наредби и решенија се повикува на Законот за организација и работа на органите на државна управа, притоа заборавила дека во истиот закон во членот 48  став 2 стои  „(2) Заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, но изгледа народната читано – недочитано и Фросина Ременски го толкува законот како што неа и одговара. Како Ременски ќе го оправда своето отсуство од 50 владините седници, бидејќи тоа е местото каде што се носат владините одлуки и се предлагаат законите и политиките на кои таа се повикува, или пак ќе излезе на виделина пред колегите министри нејзиното нејзиното непознавање на институцијата. Фросина Ременски за тоа време се занимаваше со минорни работи, како менување на членови на комисии, префрлање на вработени од едно на др место и намалување на трошоците за гориво за заменик министерот и државниот секретар, вели Ибрахими кој додава дека Ременски и СДСМ немаат апсолутно никакво право да зборуваат за социјална политика бидејќи тие се луѓето кои што создале армија невработени и армија на социјалци.

– Нивната политика кон другите ја покажаа со тоа што при креирањето на листите водеа грижа за лицата кои ќе донесат двојазичност отколку за другите кои ги ставија на недобитни места. Ќе дојде и 12.12.2016 година и Ременски ќе замине во историјата запаметена како времена техничка министерка за спроведување на избори со резултат 0, додава заменик министерот Ибрахими.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.