понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 43

Ибрахими: Решението на Ременски за смена на Митрески е незакоско

Со доставувањето на оригиналниот документ утврдивме дека од 17 синдикални гранки, само четири побарале промена на претседателот, додека 13 застанале на негова страна, со тоа констатиравме дека решението кое го донела Фросина Ременски е незаконско

ibrahimi

Последни вести

„Веднаш по стапувањето на сила, побарав од нашата архива документи за да видиме што навистина поранешната техничка министерка Фросина Ременска направила, и бев запрепастен поради тоа што во нашата архива не постои никаков документ со кој таа го поништува решението односно носи решение дека на местото на претседателот Живко Митрески се носи друго одговорно лице во Сојузот на синдикатите“, истакна Ибрахим Ибрахими, Министер за труд и социјална политика во вестите на ТВ Нова.

Тој додава дека биле приморани од надлежните органи да го побараат од оригиналниот документ за да видат какво решение донела поранешната техничка министерка.

„Со доставувањето на оригиналниот документ утврдивме дека од 17 синдикални гранки, само четири побарале промена на претседателот, додека 13 застанале на негова страна, со тоа констатиравме дека решението кое го донела Фросина Ременски е незаконско и содржи големи пропусти, со што е буквално направен фалсификат“, посочи Ибрахими.

Ибрахими во вестите на ТВ Нова збореше околу последните случувања во Сојузот на синдикати на Македонија.

Најчитани вести