Ибрахимовиќ избра кој број ќе го носи на дресот на Манчестер Јунајтед

Златан Ибрахимовиќ (34), самопрогласениот Бог на Манчестер го објави бројот на дрес што го одбра за да го носи во Јунајтед.

Очигледно се повика на искуството, па ја избра деветката, затоа што, како што веќе е познато овој број е резервиран за центрафорите-голгетери, а тој без никаков проблем го презема од 15 години помлагиот Ентони Мартиал.

I chose the number 9 @manchesterunited

A photo posted by IAmZlatan (@iamzlatanibrahimovic) on

Го избрав бројот 9, кратко и јасно објави Ибра на Инстаграм, како да се фали дека го преземал од помладиот играч, а Златан веќе е познат по неговата надменост и фалење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.