Ибрахимовиќ најави враќање во репрезентацијата

Златан Ибрахимовиќ преку својот профил на Твитер најави дека ќе се врати во шведската репрезентација за Светското првенство во Русија, иако ФИФА неодамна најави дека ќе му забрани настап поради договор со компанија за обложување.

Шансите да играм на Светското пренство се големи до небото, напиша Ибрахимовиќ

Ибрахимовиќ по завршување на ЕП 2016 најави дека си заминува од селекцијата, но одлучи да се врати во репрезентацијата откако си замина од „Манчестер јунајтед“ и потпиша за „ЛА Галакси“ во САД. Швеѓанецот игра како препороден и во првите три меча за новиот тим, даде три погодоци и беше директно заслужен за две победи.
Шведска на мундијалот ќе игра во групата „Ф“, а за противници ги има Германија, Мексико и Јужна Кореја. Голгетерот има вкупно 116 меча за „викинзите“ во кои постигнал 62 погодоци.

ФИФА, пак, неодамна најави дека нема да му дозволи на Златан Ибрахимовиќ да настапи на мундијалот во Русија, ако евентуално биде селектиран во репрезентацијата на Шведска, бидејќи има договор за рекламирање со обложувачката компанија„ Бетхард“, што е спротивно на праилникот на светската фудбалска федерација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.