Ибрахимовиќ пред преселба во САД

Ибрахимовиќ пред преселба во САД

Ибра и Бекам имаат настапувано заедно претходно и важат за добри пријатели, па токму тоа е главниот адут на Бекам во преговорите, за Златан од бројните понуди да ја прифати токму неговата, за преселба на Флорида.

Мајами? Се е можно, кратко прокоментира менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола на оваа тема.

Л’Екип тврди дека договорот не е потпишан, но разговорите веќе се во напредна фаза.

Ибрахимовиќ има договор со ПСЖ до јуни 2016 година, па тој следното лето би можел да се пресели во САД без никаква отштета.