Спорт

Ибрахимовиќ се пожали на расизам во Шведска

Ибрахимовиќ се пожали на расизам во Шведска

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, се пожали дека е цел на расизам во Шведска. Според него, тоа се должи на критиките од шведските медиуми упатени на негова адреса.

– Не станува збор за отворен, туку за скриен расизам. Ако се викав Андерсон или Свенсон и бев блондин со сини очи, ќе ме заштитеа дури и да ограбев банка, но тие очигледно не можат да го прифатат Златан таков каков што е. Односот кон едни и кон другите за исти грешки е различно, истакна Ибрахимовиќ.

Но, ако. Тоа ме прави посилен. Јас сум најдоброто што му се случило на шведскиот фудбал и сум направил повеќе од било кој друг. Јас сум најдобар, додаде Ибрахимовиќ за „Канал плус“.